Име Вести Регион Вучиќ прозборе албански, па праша косовски новинар: Дали го изговорив добро?

Вучиќ прозборе албански, па праша косовски новинар: Дали го изговорив добро?

0
189

За време на средба со кандидатите на Српската листа во Белград, претседателот на Србија, Александар Вичиќ прочита текст на албански јазик, неколку реченици од еден документ од Централната изборна комисија на Косово.

Листа на кандидатите на политичките субјекти, се слуша како на албански вели Вучиќ во видеото.

Веднаш по тоа, претседателот му се обраќа на новинарот од Косово, Идро Сефери и го прашува дали изговорил како што треба или не, пренесува Топ Чанел.

 Сефери дали го изговорив добро? – прашува Вучиќ.