Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

0
122

Никола Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оти партијата го укинува тој статус, рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски во емисијата 24 Отворено. Но, тоа не значи дека се оградуваат од Никола Груевски, вели Мицкоски. Освен таа функција, се укинуваат и уште неколку други места во партијата.

На прашањето дали е обид за дистанцирање од тие политики, Мицкоски изјави дека новиот статут е резултат на реформите во партијата. Мицкоски вели дека не е точна констатацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта се уште ја командува партијата.