Двајца радовишани, од кои едниот малолетник, шверцувале мигранти

0
46

На автопатот Скопје – Велес во раните утрински часови полицијата уапсила шверцери на мигранти, од кои едниот бил на возраст од 25 години, а другиот бил малолетник.

Двајцата шверцери, инаку од Радовиш, биле во возило „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал 25-годишникот.

При преглед на возилото биле пронајдени 12 мигранти на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.