Двојно убиство во Хале, пукотници во Ландсберг

0
43

Двојното убиство во Хале се случи околу пладне. Двете лица се убиени на улица, во кварт кој се наоѓа северно од центарот на градот. Квартот и главната железничка станица во Хале се блокирани. Градоначалникот на Хале, Бернд Виганд, го свика Штабот за вонредни ситуации. Во состојба на аларм се и сите спасувачи од противпожарната служба. За граѓаните е отворена посебна телефонска линија.