Дејановска-Митровска го прифати предизвикот на Николовски, засади три дрвца и предизвика нови три лица да го сторат истото

0
143

Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Крива Паланка, Тања Дејановска-Митровска го прифати предизвикот на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Таа денеска засади три дрвца и предизвика нови три лица да го сторат истото.

Предизвикот на Ljupcho Nikolovski е прифатен со задоволство.

Денес засадив три дрвца, за зелена 🇲🇰 насекаде, за чист воздух и за грижа за околината.

Затоа ги предизвикувам Glorija Stojkovska, Izabela Pavlovska и Mihail Dejanovski да го направат истото, да купат дрвца и да ги засадат, да стават слики на Фејсбук и да тагнат по тројца пријатели да го направат истото.

#ecoMKchallenge #ЗасадиДрво – напиша на Фејсбук, Дејановска-Митровска.