ДОГОВОР МЕЃУ КУРДИТЕ И ОФИЦИЈАЛЕН ДАМАСК ЗА ЗАШТИТА ОД ТУРСКАТА ОФАНЗИВА

Со посредство на Москва, лидерите на сириските Курди синоќа склучиле договор со Дамаск за распоредување сириски војници на границата со Турција. Велат дека договорот што сега го имаат со владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, следува по ненадејната одлука на претседателот Доналд Трамп да ги остави курдските војски сами на себе препуштени на турската инвазија.

„Знаеме дека правиме болни компромиси со Москва и со Асад. Но ако мора да избираме меѓу компромис и геноцид над нашиот народ, сигурно ќе го одбереме животот на нашиот народ“ – напиша на Твитер, Мазлум Кобани – командант на СДФ.