Додека го чистел каналот, гостиварец паднал и се повредил, па итно бил пренесен во болница

0
139

Во текот на вчерашниот ден, гостиварец паднал во канал, по што се здобил со повреди, па бил пренесен во биолница.

„На 08.10.2019 во СВР Тетово било пријавено дека А.С.(54) од с.Долна Бањица, гостиварско, додека работел на чистење на каналот од реката во гостиварското село Вруток, паднал и се здобил со повреди“стои во извештај од МВР.

Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.