До смрт претепани четворица бездомници во Њујорк

0
48

Бездомник кој носел метална прачка во Њујорк до смрт претепал бездомници кои спиеле, а во нападот убил четвроица и тешко повредил уште еден кој е во критична состојба.

Полицијата на Њујорк наведе дека бездомниците се нападнати во кинескиот кварт во Њујорк и дека напаѓачот без ред тепал успани бездомици.

Осомничениот има 24 години. И тој е бездомник, а сега е во притвор. Кај него е пронајдена метална прачка.

Бездомниците се нападнати на три локации во истиот њујоршки кварт.