Експлозија во Авганистан, убиени 10 цивили

Најмалку 10 цивили, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска во експлозија која одекна до автобус со кој се превезуваат регрути на авганистанската армија. Во нападот во авганистанската источна провинција Нангархар, се повредени 27 лица, а некои од нив се во критична состојба, и се пренесени во болница.

Ниту една група не ја презеда одговорноста за нападот. И милитантната група Исламска држава и Талибанците се активни во Нангархар. Според мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) годинава се убиени 1.366 цивили, а 2.446 други се повредени оваа година до 30 јуни.