Ердоган ги предупреди САД оти немаат друг избор и мора сами да делуваат во Сирија

0
33

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди денеска од Анкара дека нема друго решение , туку сами да делуваат во Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди денеска дека Анкара нема друг избор освен да почне со формирање на безбедносна зона во североисточна Сирија, по должината на границата со Турција, со оглед на малиот напредок во соработката со САД по ова прашање.

По осумгодишната војна во Сирија, Анкара и Вашингтон се согласија да формираат зона по должината на 480 километарската сириско-турска граница, која влегува 30 километри во Сирија.