Ердоган утре во посета на Србија, ќе го означи почетокот на градбата на автопатот Белград-Сараево

0
45

Турскиот претседател Тајип Ердоган утре во Белград ја започнува дводневната посета на Србија.
Ердоган покрај разговорите со неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе присуствува и на втората сесија на Советот на високо ниво за билатерална соработка, а најавени е потпишување на низа билатерални договори.
Двајцата претседатели ќе присуствуваат и на Бизнис форумот чија цел е зајакнување на билатералната економска соработка меѓу Србија и Турција.