Жбогар: Разбирливо одложувањето на пописот во време на избори

0
112

Македонија денеска го одбележа „Денот на европската статистика“, иако веќе 17 години ја нема спроведено најзначајната статистичка операција – попис на населението. Пребројувањето на населението, домаќинствата и становите кое беше најавено за април, е одложено поради предвремените парламентарни избори. Директорот на државниот завод за статистика е без коментар.

„За тоа ќе добиете писмено известување“, рече Апостол Симовски – директор на Државен завод за статистика.

Евроамбасадорот Самоил Жбогар вели дека одложувањето на пописот поради изборите според него е логично, но порача дека власта нема пречки барем во Собранието да го донесе Законот за попис.