Понекогаш бргу забораваме каде сме биле пред само две-три години, а каде сме денес. Денес се грижиме за ранливите. Ја зголемивме социјална грижа, за секој да има шанса за напредок. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Регионот зборува активно за дигитализација, заеднички настап на Европски и глобални пазари, царински олеснувања, заеднички гранични премини, заеднички фондови за иновации и акселератори. Да, навистина сме на вистинскиот пат штом овие теми за разлика од некои минати, доминираат на нашите агенди!, напиша Заев.