Заев: Во Брисел буквално ги молев да не ги гасат ѕвездите

0
37

Во Брисел буквално ги молев да не ги гаснат европските ѕвездички, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е неговиот личен став за отпорот на Франција, која беше единствената што не даде зелено светло.

-Франција е наш пријател и така ќе остане, рече Заев. Макрон сними и видео во кое го поддржува нашиот народ. Ние не треба да се откажуваме од пријателите, и мислам дека тоа што се случи е внатрешно прашање на Франција. Сите земји имаат обврска да градат пријателство, посебно земји мали како нашата. Верувам дека Франција ќе го надмине тоа прашање, исто како и ЕУ.

Вчера ми се јавија речиси сите премиери и канцелари да ме охрабрат да останеме на патот, а преку мене и вас, рече Заев.