Заев го налути Таравари за “гушкањето” на Мицкоски во Гостивар

0
85

Премиерот Заев прашан вечерва во интервјуто за 360 Степени да ја коментира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека при посетата во Гостивар му пришле и Албанци, кои, како што рече, го прегрнувале и му рекле – сите не разочараа, ќе гласаме за вас, искоментира дека не е баш така.

„Мицкоски може во Гостивар да го гушнал Таравари или неговиот шеф на кабинет, друг сигурно не“, рече Заев.

На ваквиот коментар експресно преку Фејсбук му врати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Халими, запнал со Гостивар“, напиша Таравари на Фејсбук.