Во врска со информацијата дека премиерот Зоран Заев размислува за оставка кој вчера беа објавени во дел од медиумите, тој денес на прес-конференција појасни дека сите опции му биле во глава. Премиерот Заев додаде дека оставил денот да помине и ја донел одлука за избори што денеска ја соопшти.
-Прво ќе кажам дека јас сум Зоран Заев и можам да бидам премиер, пратеник, градоначалник… но сум човек и сите опции беа во мојата глава. Го почувствував гневот и горчината и тоа како секој човек ме води кон секакви размислувања. Но си реков дека немам право да се откажам да се борам. Не сме сјајни имаме грешки , но немаме друг пат. Се друго е ќорсоскак. Какви мисли и да поминаа низ мојата глава оставив да помин е денот, се консултирав и донесов одлука”, појасни Заев.
Тој додаде дека ќе се повлече онака како што предвидува законот и оти ќе го почитува пропишаното за „пржинската влада и додаде дека засега нема конкретен датум за избори и оти тоа ќе го договорат заедно сите чинители во изборниот процес.