Заев: На прав пат сме, патот до НАТО и ЕУ

0
46

Државата е на вистинскиот пат, кој гарантира подобро утре, напиша вечерва на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

„На прав пат сме. Најголемите проблеми се зад нас, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре. Тоа е патот на раст на платите, на градежната офанзива, патот преку кој парите одат кај граѓаните. Тоа е патот за заедничка борба против загадувањето, против сиромаштијата и против корупцијата. Тоа е патот на сигурноста, безбедноста и слободата – патот до НАТО и ЕУ. На тој пат, секој од нас треба да преземе иницијатива и да ги искористи можностите кои постојат. Време е сите да се приклучиме на сигурниот, на брзиот, на правиот пат и да дадеме свој придонес. Така ќе постигнеме уште повеќе, за нашите деца, за нашата земја, за нас самите, за подобар живот. Приклучи се, на прав пат сме“, напиша премиерот Заев.

Тој посочува дека според ветеното, 5% покачување на септемвриската плата ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор.

„Ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки. Зголемувањето на платите на администрацијата, како и мерката која е насочена за зголемување на платите во приватниот сектор ќе го подобри животниот стандард на граѓаните“, напиша Заев.