Заев: Не верувам дека вас повеќе ве боли македонштината од мене

0
145

Не се чувствувам помалку Македонец од вас. Не верувам дека вас повеќе ве боли македонштината од мене. Но, истовремено, гајлето и обврската да обезбедиме иднина, преку верификација на мојот идентитет, на вашиот, на ншиот идентитет, ме прави озарен пред иднината која што ја очекуваме, со надеж дека навистина ќе ни ги задржи младите тука и ќе ѝ обезбеди иднина на нашата земја, кажа премиерот Зоран Заев на вчерашната седница во Собранието за пратенички прашања.

-Тоа што нѐ разликува од сите влади и премиери досега, е што без разлика на политичките цени, ние храбро носиме одлуки. Носиме одлуки за да обезбедиме сигурна иднина, да го верифицираме нашиот идентитет и да ги задржиме младите тука, во земјата. Тоа е македонштината за мене”, кажа Заев.