Заев: Северна Македонија се менува кон подобро, овде може да се живее добро

0
144

Добрите вести за почеток на преговорите со Европската унија и за членството во НАТО е силна порака за младите во нашата земја. Северна Македонија се менува кон подобро – овде може да се живее добро, а развојот ќе биде побрз само ако младите се ангажирани, тука во својата земја, вели премиерот Зоран Заев во видео пораката што ја објави на неговиот ФБ профил.

Тој нагласува дека посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео е од големо значење за земјата.