Заев – Ципрас: Преспанскиот договор ја заслужува поддршката на двете земји

0
165

Премиерот Зоран Заев синоќа во Владата го пречека неговиот доскорешен грчки колега, екс премиерот Алексис Ципрас. На средбата разговарале за придобивките од Преспанскиот договор и нагласиле дека договорот ја заслужува севкупната поддршка на двете земји.

„Решението постигнато со договорот потпишан во Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во односите меѓу земјите во регионот, заклучија премиерот Заев и поранешниот грчки премиер Ципрас. Низ разговорот беше констатирано дека од 17 јуни минатата година соработката меѓу двете земји се продлабочува, откако беше поставена на темелите на договорот за ново пријателство и стратешко партнерство“, се вели во соопштението на владината прес-служба.