Заменик министерот за здравство Асим Муса си поднесе оставка по објавената снимка на која се гледа како зема пари од пациент од Албанија за операција.
-Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка, стапица, против мене лично и мојата професија, рече д-р Асим Муса, заменик министер за здравство на прес-конференција во Владата.
Видеото од страна на новинари на албанската телевизија “Топ Чанел” е направено во болница во Струга каде Муса работел како уролог. На снимката се гледа како функционерот од ДУИ им укажува на “наводните пациенти” дека хируршката интервенција чини 1000 евра, а парите требало да му ги дадат лично нему на денот на операцијата. За да бидат сигурни тој им зема 50 евра и ги става во џеб. На прес конференцијата во Владата заменик министерот не сакаше да одговара на новинарски прашања.