Заспивате со шминка? По ова, веќе никогаш нема да си легнете со неисчистено лице

0
196

Сигурни сме дека секоја жена инвестира најмногу што може во негата на лицето и кожата, но ако само една вечер си легнете без да ја извадите шминката, се враќате неколку чекори назад.

Ако сте легнале, а сте заборавиле да ја отстраните шминката, веднаш станете и исчистете ја, макар и само до влажни марамици за таа намена. Но, уште попаметно е да го исчистите лицето целосно, со лосион за отстранување на шминка.

Последиците може да бидат од ситни инфекции и деколорации, па до создавање гнојни акни поради затнати пори. Ако сте од „посреќните“, можеби ќе поминете само со груба кожа, но и тоа воопшто не е добро.

Прескокнувањето на вечерната нега освен што само по себе му штети на лицето, придонесува и во порите да ги внесете сите нечистотии што сте ги „собрале“ во текот на денот и вечерта, да го наруши природното создавање на колаген и да предизвика појавување на брчки.

Ваквата лоша навика има и естетски последици, односно нееднаков тен на различни делови на лицето. Обрнете особено внимание на шминката што се нанесува во делот на очите, но и секогаш отстранувајте ја пудрата. Нема апсолутно ниту една позитивна страна на заспивањето со шминка, па затоа, никогаш не правете го тоа.