ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ РАСПИШАТ НА 12 ФЕВРУАРИ

0
85

Собранието ќе се распушти на 11 февруари, техничката влада треба да се избере на 3 јануари- според Заев со коалиционите партнери за ова прашање ќе се дебатира во втората половина на декември.

Додека го чека предлог-барање од политичките партии за самораспуштање на Парламентот – собранискиот спикер, Талат Џафери со порака до политичарите – за роковите за распуштање на Законодвниот дом да се раководат од Уставот, а не сами да калкулираат. На брифингот со новинарите Џафери појасни за да бидат распишани предвремените парламентарни избори за 12 април, доколку се испочитуваат сите законски рокови за 60 дена од денот на рапуштање на Собранието,  тогаш Законодавниот дом ќе биде распуштен на 11 февруари.