Катица Јанева се лекува приватно на своја сметка, кој ја обезбедува болницата Жан Митрев?

0
71

Катица Јанева и викендот останува на болнички третман во приватната болница на Жан Митрев. Поради влошената здравствена состојба неопходни биле дополнителни испитувања, потврдуваат од нејзиниот адвокатски тим. Не добивме официјален одговор од болницата каде е сместена Јанева и кој ја чува бидејќи е притворено лице. Неофицијално, таа е под 24 часовен надзор од затворска полиција а според нeoфицијалните информации има и обезбедување од приватната здравствена установа. Сместена е сама во соба бидејќи не смее да има контакт со останати пациенти.

Арестантско одделение за притворени лица и затвореници има само на скопските клиники. Но поранешната специјална обвинителка побарала медицицнска помош во приватна болница. Извори за Сител од затворот во Шутка велат дека има право на тоа, но во такви случаи прегледите и болничкиот третман ќе ги плати од свој џеб