Киднапирани жени во Нигерија биле принудени да раѓаат бебиња

0
238

Во Нигерија полицијата открила и спасила 19 заробени бремени девојки, кои биле киднапирани, силувани и принудени да раѓаат бебиња, кои киднаперите потоа ги продавале.

Портпаролот на локалната полиција Бала Елкана рече дека жените и четири бебиња биле спасени на четири локации во областа на Лагос. Жртвите на таканаречените „фабрики за бебиња“ по потекло се претежно од источна Нигерија кои биле намамени во Лагос со ветувања дека ќе добијат работа.

Уапсени се две лица, а по првоосомничениот се уште се трага.

Како што се наведува, бебињата се продавале од 830 до 1.400 долари.