КОГА КОКАИНОТ ЗНАЕ ДА СПАСИ ЖИВОТ

Екипа нарко-шверцери имаат бродолом сред Пацификот во вода стандардно преполна ајкули, и приказнава стига до јавност само затоа што биле преполни со кокаин.

Добрата вест е што шверцерите се спасени и преживеале, лошата вест е што ги спасила колумбиската морнарица, па сега остатокот од животот на копно во добар дел ќе го минат во затвор.

Помеѓу бродоломот и спасувањето, она што ги одржува шверцерите во живот се балите кокаин што извезувале од Колумбија. Се работи за 1.265 килограми кокаин кои морнарицата ги запленува кога ги наоѓа давениците. Луѓето минале во вода најмалку 7 часа, но не се знае колку кокаин потонал со бродот.