Колку пари треба да земете како К-15 годинава

0
151

Пресметките покажуваат дека сумата која ќе легне на контото на вработените за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.

Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 .

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Доколку газдите не го исплатат регресот тогаш може да се соочат со високи глоби кои достигнуваат и до 4000 евра.