Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од независноста на државава. Досега не се случила лидерска средба организирана од Претседател на тогашна Република Македонија, а сега Република Северна Македонија, без учество на меѓународен фактор.
Фокусот на оваа средба ќе биде недонесувањето на датум за почеток на преговори со ЕУ и организирање на предвремени парламентарни избори. Претседателот Пендаровски рече дека добил позитивни одговори од лидерите за учество на средбата