Лицето што истури цел камион отпад во нива е казнето и ќе треба да го исчисти шутот

Во атар на село Бардовци лоцирано и казнето лице кое истура секаков вид на отпад на земјоделско земјиште-нива.

Покрај казната, истото лице ќе биде задолжено да го исчисти целиот простор и да го депонира градежниот и друг вид отпад на соодветно место.

Инспектори на Инспекторатот на Град Скопје, засилено вршат контроли на цела територија на главниот град и против секој загадувач ќе биде поднесен соодветен казнен поднесок.