Заев: Преспанскиот договор е имотен лист за нашата земја

0
82

Ќе го спроведеме преспанскиот договор до крај, а тоа го очекуваме и од грчка страна, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања во Владата.

Тој го опиша договорот како имотен лист кој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет.

„Дефинитивно, одиме со имплеметација на договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките што стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите“, рече Заев.

Премиерот додаде дека промената на името се применува секаде, а опозицијата, која не го користи новото име, со тоа испраќа порака дека не го почитува Уставот.

Заев на прес-конференцијата негираше дека до Владата стигнала покана за приклучување во Евроазиската унија и рече дека Европската унија е единствената опција.