Милошоски до Османи: Албанците си заминуваат од Македонија заради вашите неуспешни политики

0
119

Во изминативе три години од Македонија се иселени повеќе Албанци отколку во претходните 15 години, не само заради неуспешните политики, туку и заради големото разочарување, му пососчи синоќа пратеникот Антонио Милошоски на министерот Бујар Османи за време на нивното соочување во телевизиската дебата на „Алсат“.

Имам еден список од дваесет луѓе, Албанци, образовани, стручни, кои биле вработени како лекари, колеги на министерот Бујар Османи, кои работеле во болниците во Струга, Гостивар, Тетово или Скопје, но сега заминале за Германија или Швајцарија. И не затоа што во градовите имало или немало тројазична табла, туку затоа што тие процениле дека за нив нема правна сигурност и перспектива. Имаме влада која ветуваше живот во Скопје, живот во Желино, живот во Арачиново, живот во Кичево, живот во Боговиње, а сега гледаме дека во тие места луѓе со куфери, со фамилии и деца, образовани или помалку образовани, секоја недела заминуваат во странство и не се враќаат, рече Милошоски.