Могерини: Европските лидери да ја донесат вистинската одлука за преговори со Скопје и Тирана

0
42

За да се зајакне постигнатиот напред на Балканот, сега е моментот да отвориме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека нашите лидери во следните денови ќе ја донесат вистинската одлука, изјави денеска високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Во говорот за „Улогата на ЕУ како глобален играч“ на Универзитетот Оксфорд, меѓу другото, Могерини потенцираше дека Унијата мора да се стабилизира и да го обедини сопствениот континент со внесувањето на Западен Балкан во ЕУ.

– За да ги направиме војните невозможни на нашиот континент, потребно е да се обедини Европа со воведување на Балканот во ЕУ, истакна Могерини.