Мустафа најави средба со Курти за можна коалиција

0
119

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа најави дека во наредните денови заедно со нивната кандидатка за премиерка Вјоса Османи ќе се сретнат со претседателот на Самоопределување, Албин Курти за да го проценат изборниот процес и да разговараат за можностите за заедничко владеење. Тој на Фејсбук напиша дека неговата партија на изборите добила широка поддршка од граѓаните, и дека граѓаните ги казниле оние кои „лошо владеат“. Тој додава дека во тесната трка, победникот меѓу Демократскиот сојуз на Косово и самоопределување ќе се знае кога ќе заврши пребројувањето на сите гласови.Според досегашните резултати самоопределување освои 25, 4 отсто од гласовите, а партијата на Мустафа, 24, 8 отсто.