На Табановце уапсен Србин баран од Интерпол

0
132

Синоќа на граничниот премин „Табановце“, бил лишен од слобода српски државјанин кој бил баран од Интерпол.

При пасошка контрола, било констатирано дека А.Р.(37) од Република Србија се наоѓа на стоп листата по барање на Интерпол Швајцарија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.