НЕМА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ЛУКСЕМБУРГ: Појасна слика ќе има во четврток во Брисел

0
30

Во четврток и петок во Брисел лидерите на земјите членки на Европската унија ќе одлучуваат за преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија, откако министрите за надворешни работи не успеаја да постигнат согласност.

Дали францускиот претседател Емануел Макрон може да се премисли ќе биде јасно по Европскиот совет на 17 и 18 октомври. Прашањето за преговори со Скопје и Тирана се очекува да биде тема и на утрешната заедничка седница на владите на Франција и на Германија во Тулуз, во присуство на Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.