Нема напредок во француската позиција за преговори со Македонија

0
45
Белгија – Вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не донесе напредок во позицијата на Франција за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, велат француски дипломатски извори.

– Не очекуваме да има поместување најрано до самиот министерски состанок во вторник во Луксембург, ништо не е сменето во однос на минатата недела, одлуката треба да ја донесе претседателот Емануел Макрон, објаснуваат дипломати присутни на вчерашниот амбасадорски состанок.