Денес сме во Автокоманда, во Општина Гази Баба во рамки на редовните активности кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ за обнова на Македонија. Интерактивно од граѓаните ги собираме идеите и предлозите, за новата програма која што ја спремаме за сега веќе извесните предвремени парламентарни избори. Кои што вчера ги видовме со падот на Зоран Заев, рече подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
-После победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори она што го собираме од граѓаните и што ќе го собереме во следниот период е основа на програмата по која што планираме да ги вградиме сите нивни идеи да ја обновиме Македонија, истакна Николовски.
Тој додаде дека она што вчера Зоран Заев го кажа, практично го призна тоа што сите го знаат, а тоа е дека е готов, дека е историја, дека е минато и дека останува на најцрните страници на македонската историја. Со него е завршено. А, сега треба да видиме и да се обединиме за обнова на Македонија, затоа што граѓаните заслужуваат прво да им го вратиме достоинството, потоа економски да ја обновиме, и да живеат поубаво и посперитетно тука во Македонија.
Николовски одговараше и на новинарски прашање:
Прашање: Денеска имате лидерска средба, што ќе побарате како партија? Што очекувате како партија? И на кој датум според вас е најдобро да се организираат предвремените избори?
Одговор: Во однос на лидерската средба очекуваме да видиме кој ќе биде дневниот ред, предложен од Стево Пендаровски, од претседателот на државата. Да видиме за што мисли да разговараме. Секако ние мислиме, сакаме и ќе разговараме за предвремени парламентарни избори. Тие мора да се случат. Бегање од нив нема. Зоран Заев до пред неколку дена бегаше. После фијаското кое што му се случи и силниот притисок којшто ние го направивме вчера се согласи на предвремени парламентарни избори. Ако до денес не се премисли, тогаш да се договориме технички за истите. Ако се премисли ќе направиме силен притисок за предвремени парламентарни избори да се случат. Во однос на очекувањата многу едноставно е Република Македонија има изборен законик и има Устав, треба двата да се испочитуваат и да одиме на избори. Тоа што Зоран Заев го имаше на претходните избори, сега треба да го има ВМРО-ДПМНЕ и да одиме на едни чисти, фер и демократски избори.
Прашање: Датумот за избори според вас кога би бил најдобар?
Одговор: Датумот за избори е нешто што претпоставувам ќе се договара попладне на лидерската средба. Би било по мене претенциозно сега да говорам за тоа, но кажав треба да се испочитуваат Уставот и законите во Македонија и да одиме на чисти, фер и демократски избори.