Специјалниот пратеник од Северна Кореја, Ким Мон Гил, изјави дека работните преговори помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон пропаднале, пренесува „Спутник“ повикувајќи се на извори од новинската агенција „Јонхап“.
„Разочарани сме од тоа што САД не изнесоа ништо на преговарачката маса. Сега САД се одговорни за продолжување на преговорите“, рекол севернокорејскиот дипломат.