Кампањата ќе биде со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца.
На настанот што ќе биде организиран по тој повод е најавено обраќање на државниот секретар на МВР и националната координаторка на Комисијата за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција Магдалена Несторовска, како и на државната секретарка во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска и раководителката на канцеларијата на Меѓународната органзиација за миграции Соња Божиновска-Петрушевска.
Кампањата се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе”, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Фондот за развој на ИОМ. Проектот е имплементиран од страна на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.