Од сега невенчаните двојки ќе можат да престојуваат во хотел во Арабија

0
128

Нови мерки како дел од визниот режим има за цел да ја направи земјата попривлечна за туристите.

Во таа насока Саудиска Арабија ќе им дозволи на невенчаните двојки да изнајмат соба во хотел.

Исто така и на жените ќе им биде дозволено да престојуваат сами во хотел.

До сега двојките мораа да докажат дека се во брак пред да влезат во хотелска соба.

Овој потег на владаѕа се случува откако Саудиска Арабија одлучи да ја прошири својата туристичка понуда јави Би-би-си.