Со брод на воената морнарица на Грција околу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими доцна синоќа пристигнаа на атинското пристаниште Пиреа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. На малиот грчки остров не постои организиран бегалски камп или прифатен центар, па така според истите информации, бегалците и мигрантите кои пристигале од турското крајбрежје престојувале пред полициската станица и крајбрежната служба, како и на улиците на Сими, jави дописничката на МИА од Атина.