Опожарени возилата на братот и таткото на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева

Мирис на изгорено, остатоци од трите јагленосани возила е сликата по силната експлозија која утринава по пет часот силно одекнала меѓу станбените згради на паркингот на улицата Борис Крајгер во штипската населба Сењак.

Две од возилата кои биле паркирани на спротивни страни се на Никола и Мите Тушеви, брат и татко на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева. Соседите кои утринава ги виделе високите пламени јазици велат дека глетката била застрашувачка, опасност имало и да се запали и еден од становите, за што сведочи и  стопената ролетна на овој прозорец.