Оригинална казна за брзо возење

0
56

Полицијата во Естонија почна оригинална кампања со цел да ја пробуди свеста кај возачите што сакаат премногу да го притискаат педалот за гас.

Властите понудиле избор – парична казна или прекин на возењето додека не се смират страстите. Според новата кампања, ако возачот се одлучи за пауза, мора да седи во возилото одредено време.

За надмината брзина до 21 километар на час, возачите мора да го прекинат возењето на 45 минути, за надминување од 21 до 40 километри, треба да паузираат еден час.