ОСМАНИ НА СРЕДБИ СО ИТАЛИЈАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВИНЧЕНЦО АМЕНДОЛА

0
118

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Италија, во рамки на која ќе оствари средби со италијанскиот министер за европски прашања Винченцо Амендола, како и со Претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфонсо.

Централна тема на средбите, како што информираат од СЕП, ќе бидат европските перспективи на Република Македонија и поддршката од Република Италија во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ наредната недела, а во разговорите се очекува да бидат опфатени и прашања поврзани со европската перспектива на останатите земји од Западниот Балкан и регионалната динамика.

Посетата на Италија преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на состаноците на Советот на ЕУ наредната недела.