Парада на гордоста во Приштина

0
34

Во главниот град на Косово, ЛГБТИ заедницата ја одржи ,,Парада на гордоста”.

Мажи и жени, млади и стари лица на плоштадот „Скендербег“ во Приштина со собраа да маршираат заедно под мотото „За кого ти бие срцето“.

На парадата биле видени и косовски политичари и преставници од дипломатските мисии во Косово, кои го подржуваа и маршот, јавува Индексонлајн.

 

Во собирот учествувал и американскиот амабасдор во Косово, Филип Коснет.

Во понеделникот во Приштина, во присуство на косовскиот претседател Хашим Тачи и американскиот амбасадор во земјата Филип Коснет, беше отворена „Неделата на гордоста“, во чии рамки се организираат активности за подигнување на свеста кај населението за правата на хомосексуалците и другите припадници на ЛГБТИ заедницата.