Платите во катастар зголемени до 30 отсто

0
53

Правилник за зголемување на основната плата и зголемувањето на додатоците на основната плата стапува во сила во Агенцијата за катастар на недвижности и сите вработени во оваа институција заклучно со септември ќе добијат зголемување на примањата од 15, 20 па и 30 отсто, од кои последната ставка за работниците од ИТ-секторот. Вака претходно одлучи управата на „Катастарот“, објави Фактор.мк.

Оваа државна институција, бидејќи станува збор за агенција, се финансира самостојно од наплата на услугите и делумно од основниот буџет, но за зголемувањето на приходите на вработените одлучува сама.

Парите се обезбедени од сопствениот буџет, а од таму велат дека тоа не е на сметка на странките кои плаќаат за услуги во случај кога оваа агенција најчесто се поставува како монопол. Од кабинетот на директорот Борис Тунџев одговараат дека зголемувањата на платите за вработените во сите сектори, одделенија и подружници е од самофинансирачкиот буџет и дека тоа не се должи на некакво поскапување или зголемување на наплатата на услугите.