Полицијата направи „парче” во скопските угостителски објекти – МВР со детали

0
143

Голема акција на полицијата вчера по скопските клубови, а МВР излезе со детали за неа.

Во период од 22 часот до 04 часот по полноќ, полициски службеници извршиле редовни контроли во четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје.

При преземањето на службените мерки и активности, приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, и тоа Б.Б.(29), по чл.14 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ) и по член 382 од Кривичниот законик на РСМ и М.М.(20), по член 14 од ЗППЈРМ.