Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари

0
47

СВР Струмица на двајца жители на Богданци им поднесе кривична пријава поради сомневање дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. Тие вчера превезувале 27 мигранти од кои 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, а двајца од нив биле малолетници, соопштија денес од струмичката полиција.

Имено, вчера око 11 часот по претходни оперативни сознанија било забележано товарно моторно возило „цитроен“ натоварено со мигранти, кое го управувале Д.М. (22) од Богданци и И.С. (39) од село Селемли, општина Богданци и истото се движело кон Струмица. Возилото било следено и биле алармирани и останатите полициски служби кои биле активни на подрачјето на Струмица.