Во ВМРО-ДПМНЕ се оптимисти дека може да обезбедат поддршка од 61 пратеник за предвремени парламентарни избори. Од опозицијата нагласуваат дека се во контакт со сите партии, но не откриваат дали успеале да убедат некој пратеник од мнозинството за оваа намера.
И од опозициските Алијанса за Албанците и БЕСА велат дека предвремените парламентарни избори се неизбежни и неопходни и оти актуелната застапеност не ја одразува волјата на албанскиот гласач.
„Уште повеќе што оваа Влада веќе неколку пати не добива датум за започнување на преговори со ЕУ. Тоа е резултат на неисполнување на барањата и предусловите на ЕУ, како и на барањата на граѓаните на РС Македонија кои се однесуваат главно на владеењето на правото, реформите во судството, законот за јавно обвинителство. Предвремените избори би биле најдоброто решение“, велат од Алијанса за Албаниците.