Преживуваат од собирање шишиња – за 600 денари ја изгубиле социјалната помош

0
179

На крајот е Светската недела за борба против сиромаштија, но не и на сиромаштијата во нашата држава. Утрово во телевизија 21 не посети Стојче Василев од Пробиштип да ја сподели маката. Работел 18 години, но од затворањето на фирмата, бил корисник на социјална помош од МТСП. Овие примања му се укинати, бидејќи за 600 –тини денари го надминал лимитот со парите што ги заработува од собирање шишиња.

Поводот да не посети како што вели е тоа дека неговата сопруга е во критична здравствена состојба на Клиника за нефрологија.Тој не може да ја покрие ниту партиципацијата за нејзиното лекување. Долгодишен крводарител е и после 10 пати дарување крв се ослободува од партиципација под услов да има здравствено осигурување. Но, тоа не важи и за неговата сопруга.

Одговор за укинувањето на социјаланата помош на Василев, очекуваме во понеделник од МТСП со оглд на тоа дека е неработен ден. Василев со апел до сите граѓани и хуанитарни организации за помош и потсетување до инстутуциите дека грижата во европските земји за социјалните случаи е поинаква одоваа во нашата земја. Но, и не покани следниот пат да го посетиме во Пробиштип во неговата трошна куќа каде во 21 век нема ниту вода, ниту струја.

Извор: ТВ21